инволвира
инволвираат; инволвирал; инволвиран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 20748
1.
Вклучува или споделува искуства, последици.
Примери:
Не се чувствувам инволвиран.
Слично со:
вклучи (св.)
2.
Вклучува или со своите дејствија има влијание.
Примери:
Сакаше да го инволвира во невозможна мисија.
3.
Замеша некого во обвинение, кривично дело, итн.
Примери:
Беше инволвиран во злосторството.
Слично со:
вмеша (св.)
Изведенки
1.
инволвирање ср.
2.
инволвираност ж.